Министерството за одбрана денеска објави Јавен оглас за прием на нови 100 професионални војници на служба во Армијата на Република С. Македонија.
Рокот за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 дена, вклучувајки го и денот на објава.
Согласно огласот условите за пријавување е кандидатот да биде државјани на Република Северна Македонија, да има завршено средно образование, да не е постар од 25 години на денот на завршување на огласот за прием и да е здравствено и физички способен.
Идните професионални војници, како што наведуваат од Министерството за одбрана, ќе земаат почетна плата над 25.000,00 денари со дополнителни над 8.000 денари трошоци за станбено обезбедување по навршување на четири години служба во Армијата.
Кандидатите за професионални војници пријавата може да ја поднесат по електронски пат заедно со потребните документи на javenoglaspfv@mod.gov.mk и до Одделението за одбрана во местото на живеење, со приложување на потребните документи.
Од Министерството за одбрана наведуваат дека при вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите за прием.
Подетални информации во однос на Јавниот оглас може да се најдат на веб страната на Министерството за одбрана www.mod.gov.mk.