Портпаролот на партијата, Бујар Османи истакна дека изборната програма на ДУИ е заснована на пет столба со крајна цел подобрување на животниот стандард на граѓаните.
–Заедно мора да го оствариме зелениот сон. Изборната кампања треба да открие како кандидатите уште повеќе ќе ги развијат нашите општини, како уште повеќе ќе ги вклучат граѓаните и како секој ден ќе го слушаат нивниот глас. Затоа како партија се договоривме со сите кандидати да се придржуваат до зелената агенда за подобрување на квалитетот на животот, рече Османи.
Говорејќи за петте столба, тој укажа дека зелената агенда подразбира инвестирање во ефективно управување со отпадот, завршување на канализационите мрежи и чиста вода за пиење, гасификација, патеки за трчање и возење велосипед, паркинзи, олеснет сообраќај, повеќе зеленило, повеќе паркови.