Според истражувањето, партијата ГЕРБ има 22,5 проценти гласови, пред Бугарската социјалистичка партија со 16, 1 и Демократска Бугарија со 15,8 проценти.

Рејтингот на победникот на последните избори, партијата „Има таков народ“ на шоуменот Трифонов, според анкетата, продолжува да паѓа и сега се наоѓа на четвртото место со 15,5 проценти.

Следуваат Движењето за правата и слободите со 11,9 и Стани Бугарија, доаѓаме со 4,8.

Под неопходниот цензус од четири проценти и натаму е партијата ВМРО-БНД на Каракачанов со 2,4 проценти.

Истражувањето е направено врз основа на 1007 испитаници во периодот од втори до 10 септември..