Потписи за независни кандидати за градоначалници се собираат во Битола, Врапчиште, Македонска Каменица, Росоман, во Кичево каде кандидатот Фатмир Лимани веќе има собрано 422 потписи и таму постапката е завршена, во Охрид каде Сенат Усеиноски исто така има собрано 380 потписи од граѓани и постапката е завршена, во Прилеп каде Жарко Стеваноски исто така собрал повеќе од доволно потписи -386.

Потписи за кандидат за градоначалник се собираат и во Свети Николе, во Струга, во Василево, во Брвеница, додека независниот кандидат за градоначалник на Општина Илинден Жика Стојановски собрал 199 потписи и таму собирањето е завршено. Во Чаир Јован Пејовски собрал 110 потписи и таму оваа постапка е завршена. Потписи се собираат и во Чучер-Сандево.

За Град Скопје за градоначалник независна кандидатура има поднесено Ана Петровска за која досега се потпишале 1 096 граѓани. Во Скопје 1 112 потписи се собрани и за советничката листа предводена од Драгана Велковска.

Потписи за советнички листи се собираат во Могила за две листи, исто така во Македонски Брод за две листи, Виница, Маврово и Ростуше, Македонска Каменица за две листи.

Собирањето потписи е завршено за листите за советници за Кавадарци предводени од Петар Камчевски и Ристо Сакалиев, за Кичево каде предводи Агим Садику, за Кочани каде ја предводи Аки Акиев, за Чешиново-Облешево, Франческо Наков.

Потписи за кандидатски листи за советници се собираат и во Зрновци, за две во Куманово и за Демир Капија. Собирањето потписи е завршено и за листите за советници во Охрид предводени од Арбен Демироски, Антонио Наумовски и Димитар Велјановски, додека се уште се собираат потписи за кандидатската листа за овој град предводена од Стевче Стевовски.

Во Прилеп завршено е собирањето потписи за кандидатската листа предводена од Дарко Конески. Се собираат потписи и за листа за советници за Долнени, за Свети Николе, за Тетово, за Гази Баба, Карпош. Завршено е собирањето на потписи за независните листи за советници за Велес предводена од Гарп Немиш. Во Општина Центар предводена од Јана Белчева Андреевска и за Чаир предводена од Мирослав Славковиќ.

Се собираат потписи за две предлог-кандидатски листи за Чучер-Сандево.

Собирањето потписи за независни кандидати за градоначалници и советнички листи започна на 16 август. Подрачните одделенија и канцеларии на ДИК работат секој ден од 8 до 20 часот. На 27, 28 и 29 август ќе работат до 21 часот, а на 30 август до 24 часот. Собирањето на потписи трае заклучно со 30 август.