Американските медиуми објавија фотографија од маж за кој постои сомневање дека денеска влегол со оружје во комплексот Мар-а-Лаго во Флорида, сопственост на американскиот претседател Доналд Трамп, поради што беше застрелан од припадници на Тајната служба.
Според американските медиуми, станува збор за 21-годишниот Остин Такер Мартин од Северна Каролина.

Неговото семејство претходно го пријавило како исчезнат. Фотографијата е од објава за исчезнато лице што семејството ја споделило пред неколку дена.
Властите соопштија дека вооружениот напаѓач можеби допатувал од Северна Каролина. Тој беше застрелан и убиен од агенти на Тајната служба откако го кренал оружјето во „позиција за пукање“.
Локалната полиција одби да коментира за Ен Би Си Њуз дали Мартин сè уште се смета за исчезнато лице.
Според јавно достапните податоци, Мартин нема криминално досие. Јавните записи, исто така, покажуваат дека тој е регистриран гласач кој гласал на општите избори во2024 година.
