Попладне ќе има намалување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринските температури ќе се движат од 7 до 15 степени, а дневните од 13 до 21 степен.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и свежо со утринска температура до 12 степени, а дневна до 21 степен.