Времето денеска ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на студен воздух кон крајот на денот и во текот на ноќта вржените ќе преминуваат во снег и на некои пониски места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Температурата во земјава ќе се движи во интервал помеѓу -3 до +4 наутро, а во текот на денот максималната температура ќе достигне до +11 степени.

Во Скопје денеска ќе се задржи облачно време со услови за дожд и температура од -1 до +6 степени Целзиусови.

Утре и задутре се очекува слично време, а преодно стабилизирање се очекува во вторник.