На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 16 степени.