Околу пладне и попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени. УВ индексот ќе биде седум.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне 28 степени.
Во следните денови продолжува периодот на променливо облачно и нестабилно време, претпладне со сончеви периоди, околу пладне и попладне со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. На места процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен дожд за кратко време, почести електрични празнења и појава на град.
Температурата во следните денови нема значително да се менува.