Обвинетиот Борче Марковски се врати во Битола, тврди за „Независен“ неговиот правен застапник, прилепскиот адвокат Марјан Николоски.
„Борче Марковски се врати во Македонија, тој е во Битола покрај семејството, Ги заврши работите во Србија за кои што и го баравме пасошот. Сметам дека согласноста од ОЈО Струга и Вишото Обвинителство од Битола како и одлуката на судот за враќање на пасошот е сосема исправна и законита. Апелирам за сите вакви случаи каде што постои сомнение за финансиски криминал да се постапува идентично како во случајот со Борче Марковски. Односно, кога е дадена сериозона гаранција, апсолутно е беспредметно одземањето на пасошот. Во суштина со враќањето на пасошот македонското правосудство спречи настанување на ненадоместлива штета, која доколку обвинетиот Борче Марковски е ослободен од обвинение, таа штета ќе биде на товар на државата“, вели правниот застапник на Борче Марковски, адвокатот Марјан Николоски.
