Адвокатите на Шовин побараа условна казна, покрај времето што тој веќе го помина во притвор.

Полицаецот Шовин, кој повеќе од девет минути клечел врз вратот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, на судењето во Минеаполис поротата го прогласи за виновен по сите три точки од обвинението- убиство од втор степен, убиство од трет степен и убиство од небрежност од втор степен.

Судијата Питер Кејхил оцени дека во случајот со убиството на Флојд постоеле „отежнувачки околности“, што му дава можност на Шовин да му изрече построга казна од таа што државата ја препорачува.

Обвинителството во својот поднесок, меѓутоа, наведува дека 30 години ќе бидат „посоодветна казна заради длабокото влијание што го имале постапките на обвинетиот врз жртвата, семејството на жртвата и заедницата“.

Максималната казна за најсериозната точка во обвинението против Шовин, убиство од втор степен, е 40 години.

Изрекувањето на казната за Шовин е закажано за 25 јуни.