Проектот ќе биде изграден на местото на поранешна фабрика за јаглен во Вајоминг, а точната локација на демонстрационата централа ќе биде објавена до крајот на годината.

Проектот содржи брз реактор од 345 мегавати, чиешто ладење со растопен натриум би можело да ја зголеми моќта на 500 мегавати во текот на периодите кога ќе има најголема потреба од енергија. Фабриката ќе чини околу милијарда долари.

-Сметаме дека ‘Натриум’ ќе внесе промени во енергетската индустрија, рече Гејтс на прес-конференција за започнување на проектот.

Кон крајот на минатата година американскиот оддел за енергетика ` додели 80 милиони долари почетно финансирање на компанијата на Гејтс, ‘Терапауер’ за да ја демонстрира технологијата на ‘Натриум’, а одделот додели дополнителни средства во следните години во согласност со одобренијата на Конгресот.

Сепак, експертите за нуклеарна енергија предупредија дека напредните реактори може да имаат поголем ризик од конвенционалните.

Горивото за многу напредни реактори ќе мора да се збогати многу повеќе од конвенционалното гориво, што значи дека синџирот за снабдување со гориво може да биде привлечна цел за милитантите кои сакаат да создадат сурово нуклеарно оружје, се вели во неодамнешниот извештај.