Денес, на денот на Локалните избори, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски истакна дека гласањето досега се одвива мирно и достоинствено, како што се очекува од македонските граѓани.
„Денот поминува мирно, достоинствено, онака како што се очекува, впрочем, како што се и македонските граѓани. Очекувам денеска денот така и да заврши, а со резултатите да прогласиме уште една голема историска победа за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.“, рече Мицкоски.
Тој потенцираше дека денешните избори ќе определат насоката на развојот на Македонија и истакна дека граѓаните треба да одлучат за напредок, а не за враќање назад во времињата кога, како што кажа, Македонија се ограбуваше и се распродаваше.
„Македонија заслужува подобро, и очекувам денеска граѓаните да го направат токму тој избор“, додаде Мицкоски.