Од 18 јуни возачите кои возат во Грција ќе треба да поседуваат нов комплет за брза помош, информираа од Макам- транс.
Комплетот содржи 16 специфични предмети меѓу кои и специјализирано изотермално спасувачко ќебе и облоги за изгореници.
Фармацевтските материјали кои се во кутијата за прва помош мора да бидат со рок на траење, во добра состојба и означени со CE, во согласност со регулативата на Европската Унија за медицински помагала.
Доколку при полициска контрола се утврди дека возилото не го поседува потребниот комплет за прва помош, предвидена е парична казна од 30 евра.
