Без пасош со новото име Северна Македонија и без НМК налепници од денес не можете да излезете од државата. Овие обврски за граѓаните произлегуваат од Преспанскиот договор кој Македонија го потпиша со Грција пред пет години.

Вчера, откако се појавија лавина од реакции од граѓаните за важноста на возачките дозволи која требаше да биде до денес, Собранието го измени Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што беше продолжена важноста до крајот на годината.

И личните карти имаат продолжена важност во земјава, а со нив не се знае дали ќе може да се патува барем во Србија, Косово, Албанија и Босна и Херцеговина, змеји со кои имаме билатерален договор за влез со лични карти.

За граѓаните остануваат обврските да ги сменат пасошите, личните карти, возачките, сообраќајните дозволи и табличките, иако важноста на дел од овие документи е продолжена, а за дел од нив изнајдени се решенија со налепници.

Сепак, во текот на вчерашниот ден, тешко можеше да се стаса до налепници со ознака НМК, на техничките прегледи беше гужва, а на телефонските броеви за закажување за вадење нови документи многу тешко може да се добие оператор за да се закаже.