Согласно како се поставени работите во следните 7 дена бројот на вакцинирани ќе порасне на околу 3.5 милиони граѓани на Унарија и ќе продолжи и потоа но тоа е зацртаната граница кога ќе почне посериозно олабавување на мерките. Целта е во текот на мај веќе да нема потреба за никакви мерки освен основните поврзани со маски и држење дистанца на невакцинираните.
Од денес започнуваат повторно со работа флизерите, козметичарите и други дејности кои даваат услуги а се отвораат и сите продавници со назнака дека може да има по еден посетител на десет квадрати.
Полицискиот час наместо од 20.00 часот ќе биде од 22.00 до 05.00 часот. Се поместува и работата на продавниците да е наместо до 19.00 до 21.00 часот. Остануваат уште некое време на сила мерките за забрана за влез во Унгарија освен за бизнис и образовни причини и се разбира транзит, и мерката со која се затворени рестораните и кафулињата, освен за нарачки на храна и пијалоци дома.
Од 19 април учениците се враќаат во училиштата. Од денес практично започнува градуално отворање на економијата кое треба да финишира во мај и потоа да имаат помирно и понормално лето, враќање на туризмот, ресторантите, забавите и ноќниот живот и раст на економијата. Барем вакцинираните и оние кои стекнале антитела по природен пат.
Мерките беа воведени во средината на ноември а зајакнати на 8 март со затворање и на продавниците, освен оние за храна, аптеки и бензиски. Кај нас гледам тек сега воведуваме мерки и тек сега почнуваме со вакцини.
COVID 2/147. 2,5 millió honfitársunk beoltva. Újraindulhatnak az üzletek és a szolgáltatások! // 2.5 million Hungarians vaccinated. Shops and services can reopen!
Posted by Orbán Viktor on Tuesday, April 6, 2021