Иако вкупно се имаат попишано само 137.111 граѓани од дијаспората, од ДЗС тврдат дека самопопишувањето на македонската дијаспора се интензивира. Денешната состојба покажува дека за еден ден се попишале 7102 македонски државјани и од таму се надеваат дека ова темпо на попишување ќе продолжи сè до крајот на Попис2021, на 21 април.
Само за споредба, пред неколку дена, вицепремиерот и еден од главните агитатори за попишување на дијаспората, Артан Груби, се пофали дека за еден ден се попишале околу 23.000 граѓани, што значи дека бројот на попишани лица вчера е прилично низок.
Ги покануваме сите наши иселеници да ја искористат можноста и да одговорат на прашањата во апликацијата. За сите нејаснотии во врска со методологијата на попишувањето или какви било технички проблеми, Државниот завод за статистика им стои на располагање со отворените линии за комуникација достапни на веб-страницата Popis2021.stat.gov.mk. Одвојте 10-ина минути од вашето драгоцено време за да бидете дел од сликата за Република Северна Македонија!, е пораката која стои во соопштението на Државниот завод за статистика.