Македонија е меѓу земјите со висок ризик од изложеност од сиромаштија, каде повеќе од една третина од населението се под тој ризик(околу 35 отсто), покажуваат податоците на Статистичката агенција на ЕУ – Евростат за 2020 година.
Под ризик од сиромаштија се подразбираат домаќинства кои се соочуваат со тешка материјална и социјална ранливост, не можат да си дозволат одредени материјални работи или социјални активности или имаат многу низок интензитет на работа, ниво на образование и друго.
Најлошо разнгирана земја од регионот е Албнија каде над половина од населението (51 отсто) било изложени на ризик од сиромаштија или социјална исклученост.
Податоците на Евростат се однесуваат на земјите-членки на Европска унија, Европската економска област и земјите од Западен Балкан.
По Албанија следат Црна Гора со 40 отсто од популацијата, па Турција со 38 проценти и Северна Македонија со околу 35 проценти од населението изложено на ризик од сиромаштија.
Просечниот ризик од сиромаштија и социјална исклученост, според Евростат, е 21,9 отсто, што се однесува на 96,5 милиони луѓе.