-Најубавата, најзелената, најурбаната општина е пред еколошки колапс. Не памтам, а памтам долго и многу, кога нашата општина Аеродром била понечиста, понесредена и позапуштена од денеска, вели граѓанин на Општина Аеродром.
Како најодговорни за оваа ситуација граѓаните го сметаат општинското раководство.
Споредба се прави и со случката од 2015 во Либан кадешто улиците на главниот град Бејрут беа преплавени со повеќе од 20 илјади револтирани демонстранти, кои истураа кеси и контејнери полни со ѓубре пред вратите на општината и пред владата, бидејќи општинските служби не си ја вршеле работа за којашто се платени.
-Мораме ли да станеме Бејрут за да го сфатиме ова? Ќе можеме ли да изградиме доволно свест и да направиме доволно силен притисок конечно општината да си го работи она за што ја плаќаме? А и ние, од наша страна, да станеме свесни дека сето она што е надвор од нашиот мал свет во кој живееме (нашиот стан, куќа или двор) е исто така и наше и дека треба да почнеме да го доживуваме како свое, а не туѓо?, пишува Карчовски, граѓанин на ошштина Аеродром.
Целиот Фејсбук статус може да го прочитате ТУКА.
Најубавата, најзелената, најурбаната општина е пред еколошки колапс. Не памтам, а памтам долго и многу, кога нашата…
Posted by Јован Карчовски on Thursday, March 18, 2021