Најавата на францускиот премиер Жан Кастекс доаѓа во време кога во Франција на дневно ниво се регистрираат околу 3.900 новозаразени лица, што е многу помалку од 35.000 колку што имаше на врвот на инфекцијата во март и април, пренесува „Ројтерс“.
Кастекс ја поздрави добрата вест и рече дека полицискиот час ќе биде откажан в недела, 10 дена порано од предвиденото.
Повеќе од 58 проценти од возрасната француска популација примиле барем една доза од вакцините против Ковид-19.
Во вторникот, Франција започна програма за вакцинација за деца на возраст од 12 до 18 години, како дел од напорите за заштита на нацијата, бидејќи постепено се укинуваат ограничувањата.