Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност која во попладневните и вечерните часови постепено ќе се зголемува. По одделни котлини се уште ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Како што соопшти УХМР, од петок следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Дневните температури значително ќе опаднат.