Украинскиот претседател Володимир Зеленски планира да го заобиколи американскиот претседател Доналд Трамп и директно од новиот состав на американскиот Конгрес, во кој мнозинство ќе имаат демократите, да побара засилен притисок врз Русија со цел да се постигне мир.

Во интервју за „Блумберг“, Зеленски појасни дека ќе контактира со американските пратеници доколку Трамп до крајот на годината не успее да го убеди својот „пријател“ Владимир Путин да ја заврши војната во Украина.

Неговиот план е да ги убеди демократите, откако во јануари ќе ја преземат контролата врз Претставничкиот дом и Сенатот, да одобрат дополнителна воена помош и да воведат построги санкции против Кремљ. Тоа би го направил доколку дотогаш не биде постигнат прифатлив мировен договор.

„Нивото на поддршка за Украина и санкциите мора да им испратат јасна порака на Русите. Време е да седнеме на преговарачка маса и да ја завршиме војната“, изјави Зеленски.

Тој додаде дека постои желба за брзо решение што, како што рече, го разбираат и Украина и Русија.

„Свесни сме колкава би можела да биде цената. И ние силно сакаме мир, но не под услови што би биле исклучиво на штета на Украина“, порача украинскиот претседател.