Најмалку 437 украински деца се убиени, а повеќе од 837 се повредени од почетокот на рускиот напад врз Украина на 24 февруари, соопшти денеска украинското обвинителство.
Бројот на загинати и повредени, сепак, не е конечен бидејќи сè уште се проверуваат информациите од конфликтните зони, ослободените области и териториите под руска контрола.
Најпогоден е источниот регион на Доњецк, каде загинале или се повредени 423 деца, соопшти обвинителството. Обединетите нации соопштија дека најмалку 16.295 цивили се убиени од 24 февруари, кога започна нападот врз Украина. Москва негира дека гаѓа цивили.