Минатата недела РКЕ донесе одлука со која ги зголеми малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,39 % во однос на Одлуката од 31.05.2021 година.
Малопродажните цени бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемија за 0,50 денар/литар, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголеми за 1,00 денар/литар.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголеми за 1,008 ден/кг и сега изнесува 34,889 ден/кг.