Европскиот парламент ќе има 15 места повеќе по европските избори во јуни следната година, со што вкупниот број на пратеници ќе се зголеми на 720.

Петнаесетте дополнителни места треба да се поделат меѓу 12 различни земји-членки на ЕУ, одлучија денеска европратениците.

Франција, Холандија и Шпанија треба да добијат уште по две места. Белгија, Данска, Ирска, Летонија Австрија, Полска, Финска, Словенија и Словачка ќе добијат по еден дополнителен мандат.

Дополнителните места треба да ги одразат демографските промени во населението на ЕУ од последните европски избори кои се одржаа во 2019 година.