Ваквата одлука се должи поради загриженоста за мешање во изборите и погрешна содржина генерирана од вештачка интелигенција.

Брзиот раст на генеративната вештачка интелигенција, која може да создава текст, слики и видео за неколку секунди како одговор на барањата, ги зголеми стравувањата дека новата технологија би можела да се искористи за да се нарушат големите избори ширум светот оваа година.

Изборите за Европскиот парламент со 70 европратеници ќе се одржат од 6 до 9 јуни.

„Како што се приближуваат изборите, ние ќе го активираме Изборниот оперативен центар за да ги идентификува потенцијалните закани и да спроведе мерки за ублажување во реално време“, рече Марко Панчини, шефот за европски прашања на Мета, во блог пост.