Првиот човек на синдикатот на УПОЗ смета дека вработените во јавниот сектор каде се работи за 110 000 работници кои земаат плата која е скоро колку минималната е причина јавната администрација да има се повеќе нестручен кадар.

Со покачувањето на минималната плата се јавуваат проблеми од типот израмнување на платите додаде во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

Од утре почнува и расправата за новиот закон за плати во администрацијата и колективните договори во јавниот сектор по барање на синдикалците. Од организацијата на работодавачи за МИА велат ако платите во реалниот сектор се усогласуваат со порастот на трошоците на живот и со просечната плата тогаш треба и платите во јавниот сектор да се усогласуваат со порастот на платите во приватниот сектор.

– Како членови на Економско-социјалниот совет сигурно дека нема само да набљудуваме што ќе се преговара, затоа што на крајот на краиштата и нас не интересира висината на платите во јавниот сектор. Тие мора да зависат од порастот на платите во приватниот сектор затоа што во приватниот сектор се создаваа новосоздадена вредност, од која треба да се плаќаат даноци и придонеси за работниците и да се полни буџетот за да може потоа да се исплаќаат платите на јавниот сектор, така што тие две компоненти мора да ги гледаме заеднички. – рече Ангел Димитров – Претседател на Организацијата на работодавачи на Македонија

Од СДСМ велат дека откако се на власт тие од 2017 та година минималецот во државата скокнал за 11 375 денари

Побаравме став за последните промени околу минималната плата и од опозициската ВМРО -ДПМНЕ но не добивме одговор.

Со последното зголемување минималната плата која ќе се исплаќа од Април ќе изнесува 20175 денари. Но, и после претходното зголемување, синдикатите се жалеа дека владата не изврши порамнување на сите вработени за што ССМ поднесе и тужба против владата.