На 07.10.2026 во 14:00 часот во СВР Тетово, 33-годишна жена од Република Црна Гора пријавила дека нејзиниот поранешен партнер С.Р.(43) од с.Врапчиште, гостиварско, кој од септември 2026 година се наоѓа на издржување казна затвор во Затвор Тетово, од различни телефонски броеви и преку мобилна апликација упатувал закани кон неа и нејзиното семејство, информира портпаролот на СВР Тетово, Фатмир Реџепи.
Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.
