Обраќање ќе има и министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска, како и претседателката на Сојузот, Станка Трајкова.
Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија е формиран во 1947 година, а својство на правно лице има од 27 април 1971 година кога е запишан во Регистарот на МВР како општествена организација.
Тој е невладина неполитичка мултиетничка асоцијација во која членуваат 53 здруженија на пензионери, доброволно здружени заради заштита и унапредување на заедничките цели и интереси на корисниците на пензија во државава.