Одбојкарската репрезентација на Македонија е поразена во полуфиналето на завршниот турнир од Европската сребрена лига од Финска со 3:1 во сетови и 25:22, 20:25, 25:18, 25:16.

Македонските одбојкари подобро го започнаа натпреварот, имаа предност од 13:9, но Финците се вратија во игра и во финишот од сетот дојдоа до плус четири и на крајот славеа со 25:22. Во вториот сет, Македонија одигра фантастично имаше и осум поени предност што се покажа како доволно за да се дојде до израмнување на 1:1 во сетови (25:20).

Третиот сет тргна одново изедначено, па Финците со добра серија се одлепија и дојдоа до високо водство кое го здржаа до крајот за 25:18 и водство од 2:1, а со убедлива игра продолжија и во четвртиот сет кој го добија со 25:16 и си обезбедија пласман во финалето.

Најдобар поентер на средбата беше нашиот капитен Никола Ѓорѓиев со 23, додека кај Финците се истакна Аро Никула со 17.