Пристанишниот град Одеса на југот на Украина беше цел на руски воздушни напади во текот на ноќта, изјави утринава претставникот на оперативниот штаб на Регионалната воена управа на Одеса, Сергеј Брачук.

Врз еден од окрузите на Одеса беа лансирани неколку проектили, и погоден е еден објект, рече Брачук, пренесува Си-Ен-Ен.

Руските сили ракетираа складиште за гориво во Одеса во неделата рано наутро, а Брачук рече дека во инцидентот нема жртви.