Според директорот на Општата болница со проширена дејност, Баки Алили, каде во службата за вакцинација требаше да почне имунизацијата против Ковид-19, се било подготвено за почеток, но проблемот настанал на релација со матичните лекари и пријавувањето, што го потврдуваат и самите матични лекари.
– Проблемот се појави со затајувањето на системот за начинот на пријавување и упатување на лицата кои беа пријавени преку електронски пат или нивните матични лекари а се постари од 77 години. Овој проблем е веќе надминат и сега ги подготвуваме соодветните пријави за тоа, вели Африм Маќелара, матичен лекар.
Во Дебар на 30 март пристигна 88 дози од вакцината „Астра Зенека“ против Ковид-19, со која ќе бидат опфатени лца од општините Дебар и Центар Жупа.
Директорот Алили, додава дека вакцините се чуваат во соодветни фрижидери кои ја одржуваат препорачаната температура а имунизацијата ќе ја спроведува службата за вакцинација при нашата болница.
Посочува дека болницата располага со соодветно обучен тим, кој веќе ги има примено двете дози од вакцината.