Процесот за овој случај го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

Во своја одбрана, сопственикот на „Дурмо Турс“, Дурмиш Белули на рочиштето одржано на 23 март рече, дека на никој начин не придонел за сообраќајната несреќа и дека за тоа не се чувствува виновен.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари 2019 година кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во фирмата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.