Рочиште за случајот „Тендери” е одложено за 15 јули.За денеска беше најавено дека обвинителството и одбраната ќе почнат со своите завршни зборови, но отсуството на обвинетата Јулијана Угриновска, беше причина ова рочиште да не се оддржи. Според бранителот Сашко Дуковски, неговиот клиент не може да присуствува на денешното рочиште од здравствени причини.

Првообвинета во случајот „Тендери” e поранешната министерка за култура Елизабета Канчевска-Милевска, а второобвинета е Лидија Лазарова-Цветковска.

Судењето за овој случај го води судијата Осман Шабани, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Стевчо Донев.

Според обвинението поднесено од пораншното СЈО, во временскиот период од јуни 2011 г. до 05.08.2011 г., во Скопје, првообвинетата Е.К.М. како службено лице министер и вработените во Министерството – службените лица второобвинетата Л.Л.Ц. како член на Комисија за јавни набавки и третообвинетата Ј.У. како претседател на Комисијата за јавни набавки, со искористување на своите службени положби и овластувања, при вршење на јавни набавки, како соизвршители прибавиле за економскиот оператор ГТД Б. Ш. АД Ш. корист што се состои од незаконско повластување – фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим” во Скопје.