Владата вечерва издаде соопштение во кое ги корегираше местата каде треба да се градат двете соларни електрани во вкупен износ од 116 милиони евра.
Соларната електрана со јачина од 85 мегавати на Друштвото за производство, трговија и услуги „Ринуабл Пауер Интернационал“ ДООЕЛ Скопје ќе се гради во атарот на Долни Балван во општина Карбинци, а електраната на компанијата „Хер Солар Мк“ ДООЕЛ Скопје со јачина од 70 мегавати ќе се гради во општина Пехчево.
Првата инвестиција е вредна 63 милиони евра, а втората 53 милиони евра.