Според рејтингот на федерациите, македонскиот првак Вардар заедно со уште девет екипи имаат директно место во групите.

Преостанатите шест места ќе бидат пополнети со уште шест екипи од оние 12 што се пријавија за вајлд-карта.

Конечниот список на клубовите што ќе добијат место во елитната конкуренција ќе биде објавен на 28 јуни, додека ждрепката ќе биде на 2 јули.

Во новата сезона Вардар ќе има нов тренер, тоа е Веселин Вујовиќ кој се враќа на клупата на црвено-црните, измени има и во составот, кој претрпе промени со заминувањето, но и доаѓањето на нови ракометари. Вардар има освоени две Европски титули, а амбициите на клубот се и понатаму да конкурираат за врвот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by EHF Champions League (@ehfcl)