Лукот има неколку својства на одбивање комарци. За да се испроба овој метод, се гмечат неколку чешниња и потоа се варат во вода. Се истура растворот во шише со распрскувач и се попрскува низ собата, гаражата итн. Комарците ќе исчезнат за неколку минути, а и мирисот на лук многу брзо ќе испари, така што нема потреба од никаква грижа.

Маслото од лаванда има мирис што комарците не го поднесуваат. Значи, само испрскајте низ домот, а може и на телото, па комарците ќе избегаат.

И талогот од кафе може да помогне – онаму каде што има застоена вода. Тоа е едно од вообичаено место за размножување на комарците, а сè што треба да се направи е да се истури малку талог од кафе во старата вода. Јајцата на комарците така ќе излезат на површината.

Нането, исто така, помага. Само поставете свежо масло од нане, или пак, свежо набрано како растенија, некаде во домот, па комарците ќе исчезнат.

Комарците, исто, не толерираат мирис на пиво и друг вид алкохол. Се става чаша пиво или некој друг алкохол во собата и комарците ќе ги снема сами по себе.