За тутулата шампион на Јужна Америка ќе се решава во финалето кое започнува ноќва во 2 часот по македонско време, а во кое ќе се соочат токму бранителот на тутулата Бразил и Аргентина. Дуелот ќе се игра на славниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро, пред 7.800 гледачи, односно 10 отсто од вкупниот капацитет на стадионот.

Стручната комисија на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (Conmebol) во своето соопштение објави дека е невозожно да се одреди само еден играч како најдобар на овој турнир.

-Двајцата играчи докажаа во секој натпревар со технички и тактички квалитет, како и со голема интелиганција во играта и со топата и без неа, се вели во објавата.

Меси, кој ќе се обиде да ја освои својата прва тутула со селекцијата во кариерата, до финалето стаса со четири погодоци и пет асистенции, а Нејмар впиша два гола и три асистенции.