Бујар Османи, од функција на портпарол на ДУИ, изјави дека „огнената група“ се мал број на негови сопартијци кои се незадоволни од дејствувањето на врвот на партијата и кои, како што нагласи, „сакаат мислењето на малцинството да му го наметнат на мнозинството“. Османи поентира: „Во демократија одлучува мнозинството“.
„Тие кои не гласале немаат право да се жалат, тие пак, кои дале поддршка, тие можат да барат одговорност и отчет. Замислете Али Ахмети да ги менува министрите бидејќи така му текнало на некому кој не е мнозинство, туку претставува една група. Група, а тоа не е институција. Но, ДУИ е сериозна партија. Зарем треба да се потценува вредноста на оваа политичка организација која бележи 20 години неверојатни победи“, рече Османи во интервју за ТВ 21.
Османи од позиција на министер за надворешни работи истакна дека се надева оти ВМРО-ДПМНЕ ќе ги стави во преден план интересите на државата на евроинтеграциски план и дека ќе даде поддршка за уставни измени.
Уставните измени не значат трагедија за државата, рече Османи и додаде дека во преамбулата се спомнати 7 етнички заедници и уште 10 други, што би зналело, како што нагласи, и Бугарите, а работата е, нагласи, тие само да бидат именувани.