Синоќа околу 20:30 часот М.О.(56) од село Нова Маала, Струмичко, бил физички нападнат во неговиот дом. Притоа му биле нанесени повреди и му биле одземени пари.

Според информацијата од СВР Струмица, М.О. бил пренесен во струмичката болница за укажување на лекарска помош, а увид на местото извршиле Јавен обвинител од ОЈО Струмица и екипа на полицијата.