Поголеми количини тешко разградлив комунален отпад, трска и дива вегетација исчистиле екипите на јавното претпријатие „Охридски комуналец” од повеќе локации на крајбрежјето на Охридското Езеро.

– На крајот од градскиот кеј, во близина на Холандскиот парк, се интервенираше со специјална механизација за расчистување муљ, трска и друг вид отпад од езерските води, соопштија од претпријатието.

Согласно програмата на „Охридски Комуналец”, за вонредни активности во делот на чистење на реки и речни корита, денеска се чисти речното корито на реката Сушица во делот на улица „Прилепска” каде била поставена заштитна преграда за превенирање и стопирање комуналниот и пластичен отпад да не заврши во Охридското Езеро.

– Со специјална механизација беа подигнати поголеми количини на тешко разградлив отпад и пластична амбалажа и беше депониран на депонијата Буково, информираа од ЈП „Охридски комуналец”.

Екипи на претпријатието го исчистиле и отпадот во месноста Црногорци и улицара „Кленоец” (Касарна), каде од несовесните граѓани бил депониран и расфрлан комунален и кабаст отпад.