Пред два дена тој во охридската полиција пријавил измама сторена на 1 март годинава преку социјалната мрежа „Фејсбук“.
Преку порака што ја добил од профил на социјалната мрежа бил известен дека е добитник на наследство, за чие оствараување му било побарано да стапи во контакт со адвокат од Франција. Притоа добил информација дека како примател на наследството треба да уплати парични средства за на негова трансакциска сметка биде префрлено фиктивното наследство.
Оштетениот 53-годишен охриѓанец во неколку наврати лично уплатил вкупно 3.730 евра, како и 800 евра што ги уплатил негов пријател.