– Обвинетитот како тренер по џудо, од февруари до декември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба ивршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – четири ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување, се вели во соопштението од ОЈО.

Заедно со обвинението надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и посебен предлог за продолжување на веќе определената мерка притвор за обвинетиот.