Околу 150 барања пристигнале до Комисијата за проценка на штети од елементарни непогоди при Општина Босилово по невремето проследено со град кое ја зафати мината недела и предизвика штета на посевите.
Според градоначалникот Ристо Манчев, најмногу штети има во атарите на селата Сарај и Гечерлија на посевите на отворено.
– Комисијата веќе излегува на терен и се прават првите проценки и согласно на тоа на крајот ќе знаеме колкава е штетата и според нашите надлежности ќе постапиме понатаму, рече градоначалникот Манчев.
Додава дека граѓаните најмногу штети пријавиле кај пиперката од сортата „куртовска капија“, зелка, пченка и други култури, но имало и големи штети и кај овошните насади.