За новогодишната прослава на плоштадот „Македонија“, Градот преговараше со македонски музички изведувачи. Според програмата, вечер од 21 часот, на скопскиот плоштад ќе можат да се слушнат групите „Пука козметика“, „ДНК“ и „Нокаут“, фолк пејачите Наум Петрески и Зуица Лазова, како и диџеј Славе.
Но ширум светот, иако се предвидуваше дека повторно ќе ги има традиционалните големи прослави на Нова Година, сепак поради новиот бран на коронавирус, предизвикан од сојот омикрон, плановите пропаднаа. Па така, во повеќето делови од светот, особено во Европа, на големо се откажуваат јавните настапи и се воведуваат ограничувања и рестрикции токму пред празниците.
Во Атина, оваа година нема да има огномет над Акропол, откако грчката влада ги забрани сите јавни прослави на Божиќ и Нова година што беа планирани во општините. Сите воведени мерки и рестрикции ќе важат до 3 јануари.
Германија ќе ги ограничи собирите од 28 декември и забрани новогодишни прослави, па така нема да има огномет во Берлин, Минхен, Франкфурт и другите градови.
Во Единбург, јавниот дочек на Нова година исто така е откажан. Во Ирска рестрикциите ќе стапат на сила после Божиќ.
Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го откажа планираниот настан на плоштадот Трафалгар уште на 20 декември, иако беше планирана прослава со најмногу 6.500 луѓе.
Париз исто така откажа традиционалниот огномет над авенијата Елисејски полиња, а нема да има ниту настапи на диџеи. Француската влада ги забрани сите јавни собири и забави уште на 17 декември.
Бразилснака влада ја откажа новогодишната прослава во Рио де Жанеиро на 18 декември.
Празничните настани ќе изостанат и во Рим, додека Венеција исто така ги откажа концертите на отворено и огнометот.
Сепак, во Њујорк после една година пауза, повторно ќе се чека Нова година на Тајмс сквер. Градоначалникот на заминување Бил де Блазио не ја откажа прославата, со тоа што наместо 58.000, ќе може да присуствуваат само 15.000 луѓе. Единствен услов за пристство е сертификат за вакцинација и носење маска.
Локалните власти во Дубаи најавија дека ќе има пиротехничко шоу над највисоката зграда на светот, „Бурџ калифа“.
Сиднеј не ги откажа плановите за пролсавата, но влезот ќе се наплаќа. Иако не е неопходно целосно вакцинирање, сепак е препорачливо.
Во Тајпеј е планирано традиционалното одбројување со огномет над кулата „Тајпеј 101“.