Тој упати честитки до мајката Светлана Ѓоргиевска за новородениот син и во име на општината на бебето му подари пригодни подароци.

-На малиот јунак кој е првото новороденче во општината Ѓорчe Петров, му посакувам пред се многу здравје, да порасне во многу успешен човек. Во мое лично име и во името на Општина Ѓорче Петров, упатувам и искрени честитки до среќното семејство на новороденчето. Посакувам ова бебенце да донесе нова надеж и верба за подобра и поуспешна година , изјави Стојкоски при денешната посета на болницата во Ѓорче Петров.

Новороденото бебе е тешко 3,825 килограми и долго 51 сантиметар.

Породувањето било со царски рез, а лекарскиот тим го водела Спец. Д-р Елма Абдула Хасанаговски заедно со сестрите.