До пред само десетина години играњето се сметаше за активност која служи исклучиво за пополнување на слободното време. Со помош на забрзаната дигитализација, играњето онлајн игри се претвори во културолошки феномен кој ги тера играчите да се навраќаат на одредени видови игри не само еднаш или два пати, туку постојано.
Тука не станува збор за некаква носталигија или пак зависност. Напротив, се работи за поттикнување на чувството на припадност кон заедница, исполнување на предизвици и откривање нови работи, нешта кои ги нудат модерните онлајн игри.
За да ви ја доловиме оваа еволуција, ќе ја искористиме оваа статија да ви презентираме неколку популарни видови онлајн игри.
Онлајн казино игри
Оваа листа ја започнуваме со онлајн казино игрите. Тие во последно време станаа многу популарни во Македонија како и во светот. Затоа и не е чудно тоа што многу играчи кои бараат онлајн казина во Македонија наидуваат на квалитетни сајтови како online-casino.mk кога пребаруваат клучни термини како casino online mk или слично.
Казино игрите кои се достапни на интернет преку онлајн казината, ветуваат интересен спој на среќа и вештини. Секако, корисниците ги сакаат и поради нивната разновидност.
На пример, модерните слотови имаат разновидни теми и приказни кои покриваат антички цивилизации, музички бендови, диви животни, скапоцени камења и што уште не. Дополнително, тие привлекуваат играчи и со својата модерна графика, но и интересни бонуси како прогресивни џекпоти, бесплатни вртења, мултипликатори итн.
Покрај слотовите многумина се заинтересирани и за онлајн покер игри. Тука среќата повторно игра улога, но значајно влијание имаат и стратегијата, знаењето и вештините. Онлајн покер платформите одржуваат турнири кои траат со часови.
Конечно, тука се и игрите на маса (блекџек, рулет, бакара итн.), игри со дилери во живо и игрите со коцки.
MMORPG игри
MMORPG можеби звучи необично, но тоа е кратенка од англискиот термин massively multiplayer online role-playing game односно масовна онлајн игра со повеќе играчи во различни улоги. Главната цел на овие игри е да му овозможи на играчоит да се соживее со улогата на неговиот лик. Играчите сами го создаваат ликот со кој напредуваат низ фантастичните светови.
Благодарение на комплексноста на овие игри, играчите постојано се навраќаат на нив и трошат добар дел од своето слободно време.
Дури и да не сте некој голем фан на онлајн видео игрите, веројатно сте слушнале за најпопуларните наслови во оваа категорија. Тука пред се зборуваме за World of Warcraft од Blizzard. Оваа игра има огромна заедница која играњето го носи на ново ниво.
Слично а е ситуацијата и со игрите од Final Fantasy франшизата, особено со Final Fantasy XIV. Овие наслови се популарни поради убавите приказни, но и поради механиката на играње.
Стратешки игри
Иако во игрите кои ги споменавме претходно стратегијата може да ви помогне да остварите подобар резултат, постојат и игри во кои стратешкото планирање е клучно. Со други зборови, во овие игри поенатата е да го надмудрите противникот.
Таков пример е League of Legends. Целите во оваа популарна игра постојано се менуваат. Ваквиот пристап ги тера играчите да осмислуваат нови стратегии и да користат различни тактики за да дојдат до победа. Тоа најдобро се гледа во турнирите за електронски спортови каде оваа игра обично го зазема едно од главните места.
Дури и традиционалните игри како на пример шахот доживуваат ренесанса кога ќе станат достапни на интернет.
Од дневни игри, брзопотезни партии и сложувалки до турнири, корисниците можат лесно да ги подобрат своите вештини додека уживаат во овие вонвременски игри.
Креативни игри
Следни на листата на игри кои повеќето луѓе би посакале да ги играат повеќепати се наоѓаат креативните игри. Овие наслови ви овозможуваат да творите и создавате нешто ново. Ова доаѓа како спротивност на вообичаените игри каде следите однапред утврдена патека и цели кои треба да се исполнат.
Македонските играчи веројатно се запознаени со Minecraft кој е одличен пример за таква игра. Во овој наслов, секој играч може да создаде било каква работа која ќе му дојде на ум. Најчесто тоа се куќи, но некои играчи создаваат и цели градови. Има и такви кои прават функционлани компјутери во самата игра.
Уште еден таков пример е и играта Roblox. Ова е всушност платформа која ви дозволува да создавате содржини без никакви ограничувања. Со секое вклучување на платформата може да очекувате нови авантури кои ги создава заедницата. Секако, овие игри обично бараат и претплати кои најчесто се месечни.
Можностите за повторно играње во овие наслови се бесконечни. Активноста се сведува на вашата креативност но и на проектите кои ги создаваат заедниците.
Спортски игри
За крај, ќе ги споменеме и онлајн спортските игри. Виртуелните атлети се покажаа еднакво импресивни како и оние кои ги гледаме на преносите во живо на телевизиските или компјутерските екрани.
Кога станува збор за конкретни наслови, тука вреди да се спомене легендарната ФИФА. Секоја година, EA Sports ја освежува играта со нови екипи, играчи и механика на играње. Ова е фудбалска симулација која се заснова на вистинските случувања во фудбалските лиги и натпреварувања.
Уште еден наслов кој би сакале да го спомнеме тука е Gran Turismo Sport. Ова е одлична онлајн игра за оние кои сакаат реалистично тркачко доживување. Во овој наслов ги ставате вашите возачки вештини на возбудлив тест.
Она што ги прави овие спортски игри вредни за повторно играње се реалистичните симулации, возбудата од натпреварите и предизвиците како и постојаните надградби и освежувања кои ги прават релавантни.