Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување за 2022 година денеска е прифатен од страна на Владата. Со него се очекува да бидат опфатени 14.685 лица за што ќе бидат одвоени повеќе од 1,8 милијарда денари.
– Со Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2022 година се утврдуваат програмите, мерките и услугите за вработување кои ќе обезбедат создавање нови работни места, поддршка за креирање нови работни места и зголемување на вработливоста на невработените лица, посебно на младите, долгорочно невработените и корисниците на право на парична помош од социјална заштита, како и поддршка на невработените лица на кои им престанал работниот однос во текот на кризата предизвикана поради пандемијата со КОВИД-19, односно од 11.03.2020 година, информираше попладнево владината прес-служба.