Мерака за младите граѓани во Општина Аеродром
Гоце од Долно Лисиче денеска стана првиот граѓанин кој од градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, доби Одобрение за градење со комплетно ослободени комуналии. Овој чекор не е само административен, туку симболизира нов почеток и поддршка за младите кои се решиле да ја изградат својата прва куќа.
Советот на Општина Аеродром ја усвои оваа мерка на својата прва седница, со што испрати јасна порака дека младите се клучот и иднината на заедницата.
Сите млади до 35 години кои градат, доградуваат или надградуваат, ќе добиваат целосно ослободување од комуналии за делот што го плаќа Општина Аеродром.
Градоначалникот Митески му честиташе на Гоце и ја изрази поддршката за сите млади луѓе кои одлучиле да инвестираат во својот дом во Општина Аеродром.
