Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска потпиша договор за финансиска поддршка со Здружението на пензионери „Солидарност“ – Аеродром, потврдувајќи ја континуираната грижа и поддршка што Општина Аеродром им ја обезбедува на своите највозрасни сограѓани.
Од Општина Аеродром нагласија дека пензионерите се важен дел од нивната заедница – генерации кои со својот труд, знаење и посветеност придонеле за развојот и напредокот на општеството и дека нивниот придонес заслужува искрена почит и благодарност.
„Општина Аеродром и понатаму ќе остане посветен партнер во создавањето подобри услови за живот на пензионерите. Додека работиме на развојот на општината и инвестираме во иднината, со еднаква одговорност ги негуваме и вредностите, традициите и луѓето што ги поставиле темелите на денешниот Аеродром“, посочија од Општина Аеродром и воедно упатија благодарност до членовите на Здружението „Солидарност“ – Аеродром за нивната активност, посветеност и придонес во заедницата.
